Почитувани студенти,

Ве известуваме дека уписот на летниот семестар (пополнување семестрален лист) ќе се спроведе во периодот од 21-ви до 26-ти февруари. Како и претходните и овој семестар немате обврска физички да поднесувате семестрални листови. Во текот на првата недела од предавањата можете да ги слушате сите изборни предмети. Во текот на втората недела од почетокот на предавањата ќе бидете контактирани телефонски од менторите или од Службата за Е-учење и ќе ви бидат соопштени сите детали за пополнување на семестралниот лист.

Предметите кои ќе ги одберете ќе бидат доделени на вашите кориснички имиња на Е-индекс и Е-учење.

Предавањата започнуваат на 14-ти февруари (понеделник), а распоредот ќе биде објавен најдоцна до петок, 11-ти февруари. Линковите за предавањата ќе ги добиете од вашите ментори. Доколку не ги добиете линковите до 13-ти февруари (недела), можете да се обратите на електронската адреса на Е-учење – eucenje@msu.edu.mk.