Известување за упис на нов семестар
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека уписот на нов семестар е започнат. За пополнување на Семестрален лист нудиме две опции, a студентите самостојно го избираат начинот кој им одговара повеќе:
- Пополнување Семестрален лист со физичко присуство
- Пополнување електронски Семестрален лист (електронска апликација достапна од 7-ми септември)
Семестрален лист во овој рок пополнуваат сите студенти кои треба да запишат втора, трета или четврта година на прв циклус на студии.
Студентите кои ги исполнуваат сите услови, односно го имаат положено потребниот број на испити можат да пополнат електронска пријава или да поднесат Семестрален лист со физичко присуство на МСУ.
Студентите кои ќе полагаат испити во Септемвриската испитна сесија по објавување на резултатите и по остварување на правото за упис во наредната учебна година, ќе можат да поднесат Семестрален лист кон крајот на септември.
Електронски Семестрален лист
Апликацијата за пополнување на електронски Семестрален лист ќе биде достапна на Е-учење од 7-ми септември.
Во електронската апликација студентите ќе може да изберат максимум од 5 предмети кои ќе ги слушаат во текот на овој семестар. Дополнително објаснување ќе биде дадено заедно со апликацијата.
Електронската апликација ќе биде достапна до 15-ти септември.