Почитувани студенти,
Ве известуваме дека Декемврската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.
- Пријавувањето за Декемвриската испитна сесија ќе започне на 8 декември 2025г. (понеделник) и ќе трае до 11 декември 2025г. (четврток).
- Декемвриската испитна сесија ќе се одржи во периодот од 15 декември 2025г. (понеделник) до 27 декември 2025г. (сабота).
Максималниот број на испити што можат да се пријават во оваа сесија е 6 предмети. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар.
Цената за полагање на испитот во Декемвриската испитна сесија за сите студенти ќе изнесува 600ден. од испит.
Цената за полагање на диференцијалниот испит во Декемвриската испитна сесија за транфер студентите ќе изнесува 3600ден. од испит.
Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го пријават испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 609 778 за повеќе детали.
