Почитувани студенти,
Ве известуваме дека Собранието на Република Северна Македонија во наредниот период спроведува Програма за праламентарен караван. Целта на парламентарниот караван е да го доближи Собранието до граѓаните и да ја истакне неговата улога како отворена и транспарентна институција.
Караванот ќе се одржи во рамки на предавањата на 12 мај 2026г. (вторник) со почеток во 11:00ч. во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе и присуството на истото е задолжително за сите студенти.
На караванот ќе присуствуваат пратеници, асистенти од канцелариите за контакт со граѓани, вработени во Собранието и партнерски организации од граѓанско општество со кои ќе имате отворени дискусии и нови сознанија.
Со ова, Собранието овозможува на студентите подобро да ја разберат законодавната власт и да ги поттикне на граѓанска активност и придонес кон отворено и информирано општество.
Со почит,
тимот на Е-учење.
