Известување за аплицирање за студентски оброк
Почитувани студенти, Ве известуваме дека техничката грешка при аплицирање за студентски оброк е корегирана, можете да аплицирате до наведениот рок на официјална веб страница на Министерството за образование – 26.03.2023г.
Известување за презакажани предавања – проф. Самоил Малчески
Се известуваат сите студенти на Факултетот за економија и ОП – кампус Свети Николе дека предавањата кај проф. Самоил Малчески закажани за ден 17.03.2023г. (петок) се презакажуваат со почеток во: Статистика – 12:00ч. Управување со ризици – 14:00ч.
Известување за полагање на прв колоквиум – летен семестар 2022/2023
Се известуваат сите студенти дека колоквиумската недела започнува на 27ми март 2023г. (понеделник) и завршува на 01ви април 2023г. (сабота) Распоредот со точните термини за полагање на првите колоквиуми ќе бидат испратени од менторите на 22ри март 2023г. (среда)
Известување за упис на летен семестар – втор циклус студии
Почитувани студенти, Ве известуваме дека консултациите за втор циклус студии за летниот семестар ќе започнат кон крајот на месец март. Дополнително ќе добиете информации за термините од менторот на втор циклус студии.
Известување за термин за предавања – проф. Јагода Митревска
Се известуваат студентите од прва година на Факултетот за правни науки – кампус Свети Николе дека предавањата по предметот Уставно право ќе ги држи проф. Јагода Митревска, предавањата започнуваат на 22.02.2023г. (среда) со почеток од 10:00ч.
Известување за промена во термин за предавања – проф. Ана Чучкова
Се известуваат сите студенти на Факултетот за психологија дека предавањата кај проф. Ана Чучкова закажани за ден 20.02.2023г. се презакажуваат за ден 22.02.2023г. (среда) во истите термини.
Известување за термин за предавања – проф. Синиша Цветковиќ
Се известуваат сите студенти на Факултетот за безбедносно инженерство дека предавањата кај проф. Синиша Цветковиќ ќе се одржуваат во блок часови во следниве термини: кампус Свети Николе – од 25.02.2023г. (сабота) кампус Битола – од 04.03.2023г. (сабота)
Известување за закажани консултации – проф. Самоил Малчески
Се известуваат сите студенти дека консултациите кај проф. Самоил Малчески и потпишувањето на оцени во индекс се закажани за: кампус Свети Николе – 24.02.2023 (петок) од 13 до 14 часот кампус Битола – 20.02.2023 (понеделник) од 11.30 до 12.30
Известување за упис на летен семестар и почеток на предавања – 2023
Почитувани студенти, Ве известуваме дека уписот на летниот семестар (пополнување семестрален лист) ќе се спроведе во периодот од 20-ти до 25-ти февруари 2023г. Во текот на првата недела од предавањата можете да ги слушате сите изборни предмети. Предметите кои ќе ги одберете ќе бидат доделени...
Известување за дополнителен термин за полагање – проф. Љупчо Вчков
Се известуваат сите студенти дека дополнителниот термин за полагање кај проф. Љупчо Вчков е закажан за ден 28.01.2023г. (сабота) со почеток во 12:00ч.
