Известување за СЕПТЕМВРИСКА испитна сесија
Почитувани студенти, Ве известуваме дека Септемвриската испитна сесија ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола – дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар. Пријавувањето за Септемвриската испитна сесија ќе започне на 13 август...
Известување за промена во термин – проф. Орце Симов
Се известуваат сите студенти на Факултетот за информатика дека испитите кај проф. Орце Симов закажани за ден 04.07.2022 – втора декада, се презакажуваат за ден 05.07.2022 – втора декада со почеток од 09:00ч.
Известување за уплата на школарина
Се известуваат сите студенти на прв и втор циклус студии, кампус Свети Николе и Битола дека студентите кои немаат направено уплата на школарината – заклучно со втора рата за учебната 2021/2022, НЕМА да имаат право да полагаат испити во претстојната јануарска сесија.
Известување за термин за испит – проф. Марјан Стевановски
Се известуваат сите студенти на Факултетот за информатика дека испитот по предметот „Безбедност и криптографија“ ќе се одржи на ден 29.11.2021 (понеделник) со почеток од 11:00 часот. Предметниот професор е проф. Марјан Стевановски.
Известување за промена во термин – проф. Марјан Стевановски
Се известуваат сите студенти на Факултетот за информатика дека предавањата за втор циклус студии кај проф. Марјан Стевановски закажани за вторник во 09:00 часот ќе се одржуваат на ист ден (вторник) во 16:30 часот.
Известување за почеток на предавања на последипломски студии
Се известуваат сите новозапишани студенти на последипломски студии при МСУ дека предавањата ќе започнат од 15.11.2021 година. Распоредот за предавањата ќе биде објавен на во текот на оваа недела, а линковите за истите ќе бидат испратени на е-маил адресата која ја имате оставено при упис...
